Top Sport

Мурињо беше еден од ретките кои веруваше во Микел Артета

Жозе Мурињо беше еден од ретките кои го поддржаа Микел Артета во неговите најтешки моменти како менаџер на Арсенал, и неговата доверба во шпанскиот тренер се покажа како оправдана оваа сезона во кој „топчиите“ се на врвот во Премиерлигата.

Артета пристигна на „Емирати“ во 2019 година од позиција на помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити, каде што работеше три години, и многумина сметаа дека тие ризикуваат со ангажирање на неискусен тренер. Тој ја освои ФА куп титулата во првата сзона, но сезоната 2020/21 ја завршија на осмото место, во сезона во која загубија 13 мечеви, од кои еден беше од Тотенхем под водство на Мурињо. Тогаш, Мурињо го фалеше Шпанецот.

„Сакам да му понудам добри зборови и да му честитам на Микел бидејќи ни даде тежок натапревар. Тактички, тие се многу добри, знае како да ја организираат играта. Во второто полувреме тие се обидуваа да најдат ‘триаголници’ во нашата игра и тоа ни создаде многу проблеми. Покрај тоа, тој направи неверојатен дух во тимот. Тие се добар тим, а Микел е добар тренер. Знам дека насловните страници ќе бидат такви поради тоа што не се на добра позиција на табелата. Но, со овие играчи и со Микел, Арсенал пак ќе биде Арсенал“, оцени тогаш Мурињо.

Scroll to Top