Top Sport

Депај се сели во Јувентус

Мемфис Депај по само една сезона ќе ја напушти Барселона. Холанѓанецот кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. Трансферот треба да биде комплетиран во текот на наредната недела.

Депај, минатото лето, како слободен играч ја засили Барселона. Тогашниот тренер Роналд Куман инсиситираше на неговиот трансфер.

Кај Чави, Депај немаше загарантирано место во тимот, а дека иднината во Барселона нема да му биде светла, покажаа и трансферите што ги направи клубот ова лето. Барселона се засили со Левандовски и Рафиња, а Дембеле го продолжи договорот.

Поради тоа логична е одлуката на Депај да ја напушти Барселона. Според италијанските медиуми тој ќе потпише двегодишен договор, а Јувентус ќе „плати симболична сума“ како обесштетување.

Холанѓанецот годишно ќе заработува 7.000.000 евра.

Пред Барселона, Депај играше во Лион, Манчестер Јунајтед и ПСВ. Има 80 настапи и 42 постигнати гола за Холандија.

Scroll to Top