Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај се врати на тренинзи со Лион шест месеци по сериозната повреда на коленото, потврди клубот.
26-годишниот Депај, кој претходно играше за ПСВ Ајндховен и Манчестер јунајтед, ги скина лигаментите на левото колено во меч од Лига 1 против Рен на 15 декември.
Иако францускиот шампионат е прекинат, Лион се подготвува за реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, откако во првиот меч со 1:0 ги совладаа Јувентус. Се очекува ЛШ и ЛЕ да се рестартираат во август.