Top Sport

Дибала по четирите позитивни тестови: Уште не сум 100 отсто опоравен

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала признава дека уште не се чувствува 100 отсто опоравен од корона вирусот, откако имаше дури четири позитивни тестови на болеста по прекинот на Серија А во март.

Аргентинецот откри дека тој и неговата девојка Оријана Сабатини имаат КОВИД-19 на 21 март, по што беше во домашна изолација, но се мачеше со болестса повеќе од шест недели, добивајќи дури четири позитивни тестови. Во разговор со Деле Али од Тотенхем, тој открива дека не ја вратил целосната физичка подготвеност.

„Имав корона вирус, но сега се чувствувам многу подобро. Уште не сум на 100 отсто, но доволно сум добар. Почнавме со тренинзи, фудбалот се враќа и наскоро ќе имаме шанса да го правиме тоа што најмногу го сакаме“, вели Дибала.

Јувентус се враќаат во акција веќе в петок со вториот меч од полуфиналето од Копа Италија против Милан, откако одиграа 1:1 во првиот меч, а потоа следува гостување кај Болоња во Серија А на 22 јуни.

Scroll to Top