Top Sport

Депај со провокација до Сити: Манчестер уште е црвен!

Мемфис Депај можеби веќе не го носи дресот на Манчестер јунајтед, но клубот уште му е во срцето, откако го провоцираше Манчестер сити пред дуелот од Лигата на шампионите со неговиот клуб Лион, велејќи дека „градот уште е црвен“.

Холандскиот интернационалец помина 18 месеци на „Олд Трафорд“ од летото 2015 до јануари 2017 година, не успевајќи да се наметне во клубот, по што му беше дозволено да замине во Франција.

„Секогаш е посебно да се вратиш во Манчестер! Градот уште е црвен“, изјави 24-годишниот напаѓач.

Последните години, Сити го презеде приматот од Јунајтед во Манчестер, посебно со титулата од Премиер лигата минатата сезона, но Депај смета дека неговиот поранешен клуб оди во вистински правец под Жозе Мурињо.

„Лесно е да се каже дека Луис ван Гал не ми даде слобода. Кога ќе ја загубиш врската со тренерот станува многу тешко. Јунајтед имаат многу напаѓачи. Сега сум подобар фудбалер, позрел. Сите знаат дека работите со Јунајтед не завршија добро, но не сакав да биде така“, вели Депај, кој има 28 гола во 70 меча за Лион.

Фото: ЕПА

Scroll to Top