Top Sport

СЕХА: Вардар без мака со романскиот „новак“ Стеауа (видео)

Вардар ја забележа и четвртата победа на стартот на СЕХА лигата, откако со 27:21 (15:11) го совлада новиот член на регионалното натпреварување, романскиот шампион Стеауа Букурешт доминирајќи од почетокот до крајот на мечот.

Вардар постави и клупски рекорд – 30 меча без пораз во СЕХА лигата, од кои 29 се победи на четирикратниот шампион.

Димитриј Киселев и Даинис Криштопанс беа најефикасни за актуелниот шампион од СЕХА-лигата, додека Дејан Милосављев пак беше одличен на голот со 12 одбрани. За Стеауа, Хрватот Мартин Вегар постигна 6 гола, а пет имаше Хавиер Хумет. За Романците ова беше втор пораз во четири меча во СЕХА-лигата.

Следен меч за Вардар во регионалното натпреварување е дуелот со српска Војводина на 2 октомври, а пред тоа следува дуелот од Лигата на шампионите в сабота против Кристијанштад во Скопје.

Во вториот меч од четвртото коло, словачкиот Татран успеа да слави важна 32:28 победа на гостувањето во Белорусија кај Мешков Брест. Бруно Буторац ги предводеше гостите со седум гола, додека Чип, Хрстка и Лапајне имаа по пет гола.

СЕХА ЛИГА, 4.КОЛО

Мешков Брест (Блр) – Татран Прешов (Свк) 28:32 (16:16)

Вардар (Мкд) – Стеауа Букурешт (Ром) 27:21 (15:11)

Scroll to Top