Најдобриот фудбалер на Олимпик Лион, Мемфис Депај, кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Трансферот го потврдил спортскиот директор на Лион Жунињо Пернабукано.
Репрезентативецот на Холандија во текот на денот, последен од преодниот рок, треба да го комплетира својот трансфер на „Ноу Камп“.
Лион ќе заработи 25.000.000 евра.
Депај во Барселона доаѓа како замена за Луис Суарез кој се пресели во Атлетико Мадрид.