Мефис Депај по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч, што значи дека веќе во јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови. Холанѓанецот цело лето се поврзуваше со Барселона, меѓутоа трансферот не беше реализиран бидејќи Усман Дембеле не сакаше да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Депај и понатаму се поврзува со Барселона но играчот не е сигурен дека ќе заврши таму.
„Ќе видиме…Блуску е јануари, ќе мора да почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите. Не е сигурно дека ќе заминам, а наскоро ќе има и заинтересирани клубови“, рекол Депај.
На новинарско прашање зошто рекол „клубови“, а не „клуб“ или Барселона, тој возвратил со контра прашање.
„Имам 26 години и речиси сум слободен играч така што можете да очекувате дека клубовите ќе покажат интерес за мене. Не мислите дека сум во право?“.