Во Депортиво Ла Коруња не можат да се помират со испаѓањето во Третата лига. Последното коло во Сегунда имаше чудна разврска, Депортиво не го одиграа натпреварот од последното коло бидејќи седуммина фудбалери на Фуенлабрада биле заразени со коронавирусот.
Ла Коруња испадна од Сегунда, меѓутоа во клубот нема лесно да се откажат од намерите да го одбранат својот статус.
„Голема грешка е направена. Нанесена му е штета на натпреварувањето бидејќи сите натпревари од последните две кола се играа во исто време. Ова е сериозна работа. Депор не испадна од лигата“, рекол претседателот на поранешниот шпански шампион Фернандо Видал.