Top Sport

„Дер Шпигел“: Роналдо ја смени приказната околу силувањето

Германскиот „Дер Шпигел“ продолжува да ја „тера“ приказната околу обвинувањата за силување против ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, велејќи дека неговата приказна е сменета и дека тој признал дека Катрин Мајорга во 2009 година неколку пати кажала не кога тие имале секс во хотелска соба во Лас Вегас во 2009 година.

Весникот сподели документи во кои се објавуваат одговорите на Роналдо од септември и декември 2009 година. Според нив, на 9 септември, адвокатот Франциско Кортез побарал од колегата Осорио де Кастро да преведе дел од одговорите од португалски на англиски.

Во првата изјава, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, признал дека Американката неколку пати кажала „не и застани“, но веќе во декември 2009 година, овие одговори се сменети и во нив Роналдо тврди дека Мајорга во ниту еден момент не се спротиставила на сексот.

Адвокатите на 34-годишниот Роналдо јавно ги отфрлија обвинувањата и изјавија дека хакери ги смениле документите за да го направат да изгледа виновно.

Легалниот тим на Роналдо се обиде неколку пати да го спречи медиумското покривање на случајот, обидувајќи се „Дер Шпигел“ да добие привремена забрана за известување за темата, но безуспешно.

Јувентус, пак, застана зад својот фудбалер и му даде целосна поддршка.

Scroll to Top