Top Sport

„Дер Шпигел“ тврди: Роналдо силувал Американка во 2009 година!

34-годишната Американка Катрин Мајорга тврди дека Кристијано Роналдо ја силувал во една хотелска соба во Лас Вегас во 2009 година, објавува германскиот магазин „Дер Шпигел“, кој додава дека португалската мега-ѕвезда платил 375.000 долари за да ја „замолчи“ Мајорга.

Освојувачот на пет „златни топки“ Роналдо, кој ова лето направи мега-трансфер од Реал Мадрид во Јувентус, ги демантира обвинувањата, инсистирајќи дека сексот бил консензуален, додека адвокатите на Мајорга сакаат да го „турнат“ на суд договорот помеѓу Мајорга и Роналдо, кој богато бил исплатен.

Според „Дер Шпигел“, случајот на адвокатот на Мајорга е базиран на изјавите на Роналдо за случувањата на 12 јуни 2009 година, во кој тој признава дека „таа неколку пати кажа не, и застани“.

Ова е првпат Мајорга јавно да ги изнесе обвинувањата кон напаѓачот на Јувентус, кој беше фудбалер на Реал Мадрид кога се случил инцидентот. Таа тврди дека била силувана анално откако поминала една вечер забавувајќи се со Роналдо, кој бил во придружба на неговиот братучед и мажот на неговата сестра. Според Мајорга, Роналдо паднал на колена и и кажал дека е „99 отсто добро момче, разочарано од 1 отсто“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top