Top Sport

Дерби Каунти: Лампард може да преговара со Челси

Раководството на Дерби Каунти му дозволиле на менаџерот Френк Лампард да стапи во преговори со Челси. Познато е дека Челси покажува голе интерес за својот поранешен капитен, кого сакаат да го ангажираат на тренерската позиција.

Челси е без тренер откако спогодбено се раздели со Маурицио Сари. Логично е дека Лампард се поврзува со својот поранешен тим, бидејќи имаше одлична деби-сезона како тренер на Дерби Каунти.

Клубот објави соопштение во кое јасно стои дека Лампард добил дозвола да преговара со клубот во кој мина најголем дел од својата кариера како фудбалер. Лампард со Дерби Каунти успеа да стигне до финалниот меч за пласман во Премиер лигата, но не успеа да го врати клубот во елитата.

Во Лондон очекуваат дека клубот и тренерот веднаш ќе најдат „заеднички јазик“ и дека Лампард ќе го предводи тимот наредната сезона.

Френк Лампард за Челси има одиграно 648 натпревари на кои постигнал 211 гола.

Scroll to Top