Top Sport

Пике на Бахамите го убедувал Де Лихт да ја одбере Барселона

Матијас Де Лехт е еден од фудбалерите за кого најмногу се зборува во актуелниот преоден рок. За потписот на 19 годишниот капитен на Ајакс се борат Јувентус, ПСЖ, Манестер Јунајтед и Барселона.

Според шпекулациите тој во моментов е најблиску до Јувентус, но ПСЖ е клубот што му ја нуди бараната плата од 12 милиони евра на годишно ниво.

Барселона сепак се уште не се откажале од можноста да потпишат со талентираниот фудбалер. Во вторникот каталонските медиуми објавија интересна вест дека Џерар Пике бил на Бахамите, каде својот одмор го минува Де Лихт, за да го убеди да потпише за Барса.

Што и да разговарале двајцата фудбалери се чини дека судбината на Де Лихт е во рацете на менаџерот Мино Рајола. Тој секогаш е за клуб кој ќе му понуди најголема провизија, во еден таков случај најмногу шанси имаат Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top