Top Sport

Дерби мечевите во Серија А повеќе нема да се играат во ударните термини

Сериозни инциденти му претходеа на дербито на Рим во неделата во кое беа повредени 24 полицајци и беше причинета материјална штета од околу 40.000 евра, МВР на Италија во средата донесе одлука, која се однесува на натпреварите кои носат безбедносен ризик.

Одлуката на италијанското Министерство за внатрешни работи е одговор на насилството забележано на улиците на Рим во неделата. Во иднина натпреварите кои се оценети како високоризични нема да се играат во вечерните часови.

„Во текот на сезоната 2025/26 повеќе нема да биде дозволено натпреварите оценети како натпревари од висок ризик да започнуваат во вечерните часови, како што се случи со натпреварот помеѓу Лацио и Рома“, се вели во меморандумот испратен од италијанското МВР до Фудбалски сојуз на Италија.

Како што пренесуваат италијанските новински агенции, АНСА и АГИ, Министерството им забранило и на навивачите на Лацио и Рома да идат на наредните три гостувања на нивните тимови.

Пред почетокот на неделното „Дерби дела Капитале“ кое заврши со резултат 1:1, пред натпреварот, околу 500 ултраси на Лацио и Рома се обидоа да го пробијат полицискиот кордон кој беше поставен околу стадионот за да спречат судири.

Полицијата го одби налетот на ултрасите, од кои некои беа вооружени со метални палки и чекани, користејќи водени топови и солзавец. Во судирите се повредени 24 лица, а уапсени се тројца навивачи на Лацио и тројца навивачи на Рома.

Scroll to Top