Top Sport

Дерби прославиле со многу алкохол, менаџерот Лампард ја платил сметката

Менаџерот на Дерби Каунти Френк Лампард и неговите фудбалери до раните утрински часови го прославувале пласманот во финалето на плеј-офот. Пред Дерби Каунти сега е мечот со Астон Вила на 27 мај. Победникот од овој ме ќе избори пласман во Премиер лигата и ќе заработ околу 100 милиони фунти.

Првиот полу-финален меч со Лидс Јунајтед, Дерби го загубија на домашан терен (1:0), меѓутоа во реваншот екипата на Лампард победи 4:2 со што избори финале.

Легендата на Челси, Лампард и неговите фудбалери знаеле да ја прослават победата, тие биле снимени во еден паб, а менаџерот на крајот го платил цехот кој изнесувал околу 3.000 евра (2.800 фунти).

Еден од келнерите на социјалните мрежи ја објавил сметката. Дерби Каунти испиле 209 пива, 75 јегери, 65 водки, 54 чашки Самбука, 38 текили и 29 чаши виски. Интересно на сметката имало и една диетална кока-кола.

„The Kings Head Pub“ на својата страница на „Фејсбук“ објавија видео од прославата на тимот на Дерби Каунти.

https://twitter.com/AwayDayFooty/status/1129115791041925121

 

Scroll to Top