Top Sport

Летна распродажба на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид по завршувањето на една од најлошите сезони во последните две децении подготвува распродажба на тимот. „Марка“ пишува дека во летниот преоден рок клубот ќе го напушта 14 фудбалери.

„Марка“ секогаш се информирани за случувањата на „Сантијаго Бернабеу“, медиумот многумина го нарекуваат и весник на Реал. Поради тоа не треба да изненадува информацијата дека 14 играчи веќе се ставени на трансфер листата.

На оваа листа најголем дел од играчите што ќе заминат сезонава ја минаа во други клубови, а најголеми ѕвезди што ќе мора да го напуштат клубот секако се Герет Бејл и голманот Кејлор Навас. Ист така место во новиот Реал на Зинедин Зидан ќе нема ниту за еден од најталентираните шпански фудбалери Дани Себалјос.

На трансфер листата се и Маркос Љоренте и Серхи Регуилон играчи што кај претходниците на Зидан, Хулен Лопетеги и Сантијаго Солари имаа солидна минутажа на теренот. Клубот ќе го напушти и Хесус Валјехо, кој дури во финишот на сезоната доби шанса да игра.

Во Реал нема да се враќаат ниту играчите што беа позајмени во други клубови: Хамес Родригез, Матео Ковачиќ, Тео Ернандез, Борха Мајорал, Оскар, Раул де Томас и Мартин Едегор.

„Марка“ пишува дека иако не биле „технолошки вишок“ Реал биле подготвени да преговараат и за Маријано Дијаз, Иско, Брахим Дијаз и Лукас Васкез. Во случај на добри понуди и овие играчи би можеле да заминат од Реал.

Scroll to Top