Иако се уште не се одиграни сите осмина-финални натпревари во англискиот Лига (Карабао) куп, Фудбалската асоцијација на Англија со ждрепка ги одреди четврт-финалните двојки.
Ждрепката во оваа фаза ги спои големите ривали од северен Лондон, Арсенал и Тотенхем. За очекување е дека менаџерите нема да тактизираат во меѓусебниот дуел, бидејќи Лига купот е голема шанса за давата тима да освојат барем еден трофеј сезонава.
Челси на „Стенфорд Бриџ“ ќе го пречека Борнмут, а во дуелот на екипите од Чемпионшип дивизијата Мидлзброу ќе му биде домаќин на Бартон.
Четвртата двојка ќе ја формираат победниците од дуелите Лестер-Саутемптон и Манчестер сити-Фулам.
Четврт-финалните натпревари ќе се играат на 18, 19 и 20.декември.