Top Sport

„Дербито беше невиден срам за фудбалот“

Турската јавност е разочарана од она што вчера во големото дерби, на теренот го прикжаа фудбалерите на Фенербахче и Галатасарај.

Дербито на водечките екипи во шампионатот заврши 0:0, со само еден удар кон противничкиот гол и дури 45 прекршоци.

Легендата на турскиот фудбале Мустафа Денизли, тренер во кариерата ги предводел двата клуба во изјава за медиумите „срам за фудбалот“.

„Не сакам да кажам ништо погрешно, немав шанса да ја видам статистиката, но како да наречеме дерби натпревар со 35-40 фаули и 50 погрешни додавања? Ваков фудбал не смеат да играат Фенербахче и Галатасарај, клубови што ги нарекуваме великани“, рече Денизли и додаде:

„Како некој кој следи дерби во последните 40 години, можам да кажам дека ретко се гледа фудбал со ваков низок квалитет. А зборуваме за две екипи кои се кандидати за титулата. Доколку тие играат ваков фудбал , тогаш не знам како да го опишам квалитетот на лигата. Срамота е за вложениот труд и време. Гледавме 90 минути паника и несвесни потези и тоа е навистина невиден срам“.

Scroll to Top