Top Sport

Дербито Динамо-Хајдук имало и „трето полувреме“ со конфликт меѓу играчите

Хајдук стигна до сензационална 2:0 победа на гости кај Динамо на „Максимир“, но славјето на сплиќани по големиот триумф за малку ќе завршеше со директен судир на играчите на двата тима.

На снимките кои се појавија на социјалните мрежи, се покажува дека по крајот на мечот еден играч од клупата на Динамо се обидува да удри играч на Хајдук, по што почнува туркање, фаќање за врат, а судиите пристигнуваат да ја смират ситуацијата.

Во мешаницата потоа се вклучува и капитенот на Динамо, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и стоперот на Хајдук, Никола Катиќ, кој завршува на тревата, но потоа ситуацијата се смирува. Интересно, делегатот на мечот не го забележува инцидентот во својот записник.

Хајдук го освои „Максимир“ и го помина Динамо на табелата

Scroll to Top