Top Sport

Хајдук го освои „Максимир“ и го помина Динамо на табелата

Динамо Загреб под водство на новиот преоден тренер Жељко Копиќ, успеаја дома да загубат од лутиот ривал Хајдук Сплит со 0:2, резултат кој ги остава зад „билите“ на табелата и далечни пет поени зад лидерот Риека.

Одлучувачкиот момент на мечот се случи во 60. минута од мечот, кога Јосип Елез со фантастична топка од далеку го пронајде репрезентативецот Марко Ливаја, кој лесно го совлада Ливаковиќ за голема победа. Ливаја во 94. минута му асистираше на Емир Сахити за потврда на победата.

Хајдук со трите поени се на третото место на табелата со 33 поени, зад Осиек (35) и Риека (36), додека Динамо се четврти со 31 поен (но и со натпревар помалку).

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top