Едно од најголемите дербија на германскиот фудбал, „Ревиердерби“, дуелот помеѓу Борусија Дортмунд и Шалке во сабота ќе биде совршена прилика да се рестартира германскиот фудбал по кризата со корона вирусот, но исто така ќе претставува и супер-интересна пресметка на млади талентирани фудбали на кои им се предвидува блескава иднина.
Најлутото ривалство во Германија секогаш е едно од најгледаните во германскиот фудбал, а сега двата најголеми тима од Северна Рајна Вестфалија ќе имаат совршена шанса да им покажат на фановите одличен фудбал.
Борусија Дортмунд и Шалке се два клуба кои дадоа најмногу минути на фудбалери под 21 година оваа сезона – 22.3 отсто од сите минути на Дортмунд и 19.1 отсто од сите минути на Шалке. Како за споредба, Унион Берлин уште немаат ниту една минута на фудбалер под 22 години.
Домаќините од „Вестфален“ во јануари го додадоа 19-годишниот Норвежанец Ерлинг Халанд за 20 милиони евра од Ред бул Салцзбург, постигнувајќи апсолутно неверојатни 12 гола во првите 11 меча за ВБВ. Кај „милионерите“, Халанд направи фантастично партнерство со младиот Англичанец, 20-годишниот Џејдон Санчо – двајцата имаат 14 од 27 гола во Бундеслигата во осумте меча по зимската пауза. Санчо е втор на листата на стрелци во Бундеслигата и втор во асистенции со 15 асистенции, една зад Томас Милер од Баерн Минхен.
Талентите на Борусија не завршуваат тука – своја шанса добива и 17-годишниот Американец Џовани Рејна, кој стана најмладиот стрелец во историјата на Германскиот куп оваа сезона.
Додека тие го имаат можеби најмладиот напаѓачки тим на светот, Шалке имаат фантастични таленти во одбраната. Хуан Миранда и Жан-Клер Тобидо се на позајмица од Барселона, градејќи искуство во првиот тим.
20-годишниот Тодибо ќе игра како централен бек во дербито по повредата на 20-годишниот Озан Кабак, кој има огромно искуство и покрај годините. Тие не се единствените млади фудбалери – тука се 23-годишното крило Џонџо Кени (на позајмица од Евертон), 20-годишниот фудбалер од средниот ред Суат Сердар, 22-годишниот Амине Харит, а во нападот тука се 19-годишниот Раби Матондо и 20-годишниот Ахмет Кутуџу.
Меч, кој, во оваа фудбалска „суша“ не се пропушта. Дуелот почнува во 15.30 часот во сабота.