Фудбалерите на Реал Сосиедад забележаа победа против Атлетик Билбао 2.1, во 145 дерби кое екипите од Баскија го одиграа во рамките на шпанскиот шампионат. Реал Соседад успеа 49 пат да слави во дуелите со градскиот ривал.
Првиот гол на натпреварот го постигна Микел Оризабал во 16 минута. Играчот на Реал Сосиедад успеа да се избори за топката крај Капа и потоа рутински го совлада противничкиот голман.
На истекот на првото полувреме, надмоќната игра домашните играчи ја зачинија со уште еден гол. Бразилецот Вилија Жозе постигна брилијантен гол.
Атлетик го намалија поразот во 82.минута. Рули му го одбрани пеналот на Раул Гарсија, меѓутоа топката повторно се одби до играчот на Атлетик кој погоди од вториот обид.
Сосиедад со осмата победа во сезоната стигна до 30 бода и до седмата позиција на табелата, додека Атлетик останаа на 12 место со 26 бода.