Top Sport

Пипита и Азар „пукнаа петарда“ во мрежата на Хадерсфилд (Видео)

Гонзало Игуаин ги постигна првите голови во дресот на Челси. „Сините“ во 25 коло убедливо го поразија последно пласираниот тим во лигата Хадерсфилд. Тимот на Маурицио Сари барем до утре ќе биде на четвртото место на табелата.

Бесот за поразот во Бортмут, играчите на Члеси го искалија врз Хадерсфилд. „Сините“ испорачаа пет гола во мрежата на најлошиот тим во Премиер лигата. По два гола постигнаа Гонзало Игуаин и Еден Азар, а конечниот резултат го постави Давид Луиз.

Игуаин ги постигна првите два гола за својот нов клуб. Аргентинецот минатата недела им се приклучи на Челси.

Кристал Палас во малото лондонско дерби ги совладаа Фулам со 2:0. Првиот гол го постигна Лука Миливојевиќ од пенал, а конечниот резултат го постави Шлуп во 87 минута.

Брајтон и Вотфорд одиграа натпревар без голови, додека Барнли во драматичен финиш успеаја да се спасат од пораз против Саутемптон. Барнс од пенал во 94 минута им донесе бод на Барнли, откако претходно Саутемптон водеа со голот на Редмонд во 55 минута.

Евертон забележаа уште еден пораз оваа сезона на домашен терен. Вулверхемтон победија на Гудисон парк 3.1. Рубен Невеш, Хименез и Дендокер беа стрелци за „волците“, а единствениот гол за Евертон го постигна Андре Гомеш.

Кикс на Дубравка, гол на Сон, победа за Тотенхем (Видео)

Scroll to Top