Top Sport

Дербито на Италија ќе му донесе рекорден приход на Интер

Интер и Јувентус, в сабота, ќе се сретнат во најголемото дерби на италијанскиот фудбал. Дуелот на „Џузепе Меаца“ може да го даде одоговрот на прашањето кој ќе ја освои титулата во Серија А оваа сезона.

Како ретко кога дербито на Италија има големо значење за двата тима. Јувебтус се бори за титулата, а Интер со Рома и Лацио се бори за место во Лигата на шампионите.

Според, италијанските медиуми, во Милано се очекува голем број на навивачи на Јувентус, а домаќинот ги трие рацете бидејќи добро ќе заработи од продажбата на влезниците.

Последните информации говорат дека билети за дербиот повеќе нема, а „Кориере дело спорт“ пишува дека Интер ќе заработи неверојатни пет милиони евра само од продадените влезници.

Scroll to Top