Top Sport

Се враќа Луј Ван Гал

Холандски стратег Луј Ван Гал решил да и се врати на тренерската работа. Тој на медиумите им рекол дека добил една понуда која едноставно не можел да ја одбие.

Ван Гал е на одмор од мај 2016 година кога доби отказ во Манчестер јунајтед. Во периодо потоа, тој редовно добивал понуди за работа, меѓутоа сите ги одбил.

„Добивам многу понуди. Сега имам една што не можам да ја одбијам. Тоа е се што можам да ви кажам“, рекол поранешниот холандски селектор.

Ван гал со Ајакс ја има освоено Лигата на шампионите, тој три пати бил шампион на Холандија, во Шпанија освоил две титули и по еден Куп и Суперкуп со Барселона, а со баерн има титула во првенството и Купот на Германија. Со Манчестер јунајтед триумфирал во ФА купот.

Ван Гал на СП во 2014 година ја предводеше Холандија до третото место.

Scroll to Top