Top Sport

Дербито на северен Лондон заврши грдо – навивач на Тотенхем го клоцна голманот Ремсдејл

Дербито на северен Лондон помеѓу Тотенхем и Арсенал секогаш носи многу „искри“, со долгото ривалство кое трае со децении, но ситуации какви што видовме во финишот на денешната 2:0 победа на „топчиите“ не сме навикнати да ги гледаме во англискиот фудбал.

Во самиот финиш на мечот, голманот на Арсенал, Арон Ремсдејл влезе во дискусија со напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон, но додека двајцата се смируваа, еден навивач на Тотенхем успеа да го клоцне Ремсдејл. Англичанецот не беше многу вознемирен од инцидентот, а тогаш пристигнаа и играчите на двата тим во обид да ја смират ситуацијата.

За утеха, Арсенал си замина со три поени за да се одвои на +8 на врвот на табелата, а токму Ремсдејл поради неговите седум одбрани беше прогласен за играч на мечот.

Scroll to Top