Поранешниот француски дефанзивец Марсел Десаи не верува дека Маурисио Почетино ќе ги однесе Челси меѓу топ 4 во Премиерлигата оваа сезона и покрај огромните суми кои ги потроши новиот газда на клубот, Тод Бели.
Во последните три преодни рока, Челси двапати го срушија британскиот рекорд за трансфери (Енцо Фернандез и Моисес Каиседо), и потрошија речиси 1 милијарда фунти на засилувања.
„Сакам да бидат во топ 4 бидејќи сум навивач на клубот, но со сегашните ривали не верувам дека тоа ќе се случи. Луѓето кои инвестираа во Челси знаат дека се работи за бизнис со инвестиции на средни и долги патеки. Ќе бидат потребни барем две-три години за да се вратат на врвот. За тоа ти се потрбни играчи, но и враќање на победничкиот менталитет. Не ги сфаќам критиките за Тод Бели, бидејќи успехот не доаѓа преку ноќ. Тој е инвеститор, а фановите се фанови“, вели Десаи.