Top Sport

Десет играчи од Премиер лигата поканети да играат за Јамајка

Јамајка има намера да стане сила во регионот на Централна и Северна Америка. Во пресрет на почетокот на квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар, Фудбалскиот сојуз на Јамајка ќе испрати покани до десет фудбалери кои играат во Премиер лигата и Чемпионшип дивизијата.

Јамајка има намера да стоври репрезентација која ќе им биде конкурент на САД и Мексико, особено во 2026 година кога Светското првенство ќе се одржи во овој регион.

Покани ќе бидат испратени до напаѓачот на Вест Хем Микел Антонио, Демараи Греј од Њукасл, Нејтан Редмонд од Саутемптон и Макс Еронс играч на Норич, кој од наредната сезона најверојатно ќе игра за Баерн Минхен.

Исто така, Јамајка во своите редови ги сака Андре Греј, Ајсак Хејден, Мејсон Холгејт, Лијам Мур, Кемар Руфи и Иван Туни.

Мур има пасош на јамајка, додека останатите фудбалери, вклучувајќи ги Еронс и Антонио чекаат дозвола од ФИФА за да можат да настапуваат за оваа репрезентација.

Scroll to Top