Top Sport

Десет кандидати за „Златна канта“

Во Италија секоја година се доделува наградата, што никој не сака да ја добие, а која е наречена „Златна канта“. Оваа награда им се доделува на фудбалерите што најмногу разочарале во текот на годината.

Оваа година кандидати за наградата се: Никола Калиниќ (Милан), Патрик Шик (Рома), Андре Силва (Милан), Марко Пјаца (Јувентус/Фиорентина), Мбаје Нијанг (Торино), Енрике Далбер (Интер), Грегоар Дфрел (Рома/Сампдорија), Данило (Удинезе), Пабло Арментерос (Беневенто) и Аристотел Ромео (Кротоне).

Никола Калиниќ и Андре Силва не успеаја да се наметна во Милан и во летниот преоден рок двајцата го напуштија клубот, Шик не се наметна во тимот на Рома, а Пјаца имаше проблеми со повредите поради што Јувентус оваа сезона им го позајми на Фиорентина.

Нијанг разочара во Торино, а не доби ништо од Далбер, за кого платиле 21 милиони евра.

Scroll to Top