Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги „испрати“ репрезентативците на Светското првенство во Русија, и им вети на „Орлите“ награда од фантастични 5 милиони евра доколку стигнат до финалето и дополнителни пет ако ја освојат титулата.
Србија, прво ќе има тешка задача да ја помине својата група во која е со Бразил, Костарика и Швајцарија, за што Вучиќ им вети „скромни“ половина милион евра.
„Парите не се толку важни, бидејќи повеќето од вас заработија повеќе во својата кариера, но сакаме да покажеме колку е важен добар резултат за нашата земја. Борбеност за боите, химната и за секој граѓанин на Србија“, изјави Вучиќ.