Реал Мадрид се доближи на пет поени од лидерот Атлетико Мадрид (но со два натпревари повеќе), откако и покрај големите проблеми со повредите во тимот на Зинедин Зидан, тие стигнаа до 2:0 победа во градското дерби со Хетафе.
„Бункерот“ на гостите изддржа до 60. минута, кога Карим Бензема го постигна својот 11. гол за „кралевите“ оваа сезона, за само седум минути подоцна, Ферлан Менди да постигне убав гол и да го реши победникот.
Реал по 22 меча има 46 поени на второто место на табелата, пет зад Атлетико, и три пред Барселона, која утре игра со Севилја. Хетафе, без победа во четири меча, е на 13. место со 24 поени.