Top Sport

Десетте најлоши напаѓачи во историјата на Реал – Тројца се од поранешна Југославија

Мадридскиот весник „АС“, објави листата на најлошите напаѓачи во историјата на Реал Мадрид. На него има десет имиња, тројца се од просторите на поранешна Југославија.

Реал Мадрид според многумина е најдобриот клуб во светот. Низ овој шпански клуб поминаа многу квалитетни напаѓачи, но некои од нив баш и не се прославија, па дури и не оставија сериозна трага.

На листата на шпанскиот весник „АС“, меѓу првите десет најлоши напаѓачи во историјата на Реал Мадрид, најпознато име секако е Николас Анелка. Французинот настапуваше за „кралскиот клуб“, во сезоната 1999/2000. Поранешниот француски репрезентативец не беше задоволен од третманот на тогашниот тренер Висенте дел Боске, дури во еден период и штрајкуваше.

Анелка му се приклучи на Реал од Арсенал во трансфер вреден 22,5 милиони фунти, иако во тоа време Арсен Венгер сакаше да го задржи во Лондон. На крајот одигра само 33 натпревари за Реал.

Се памети и доаѓањето на Антонио Касано, кој беше член на Мадрид од 2006 до 2008 година. Во тие две сезони акумулираше 29 настапи, постигна четири гола и имаше само три асистенции.

Во еден момент негов соиграч беше Хавиер Савиола. Аргентинецот играше во Реал Мадрид од 2007 до 2009 година, на 31 натпревар имаше пет гола и една асистенција.

На листата на десетте најлоши напаѓачи во историјата на Реал, тројца се просторите на поранешна Југославија.

Еден е актуелниот српски репрезентативец Лука Јовиќ, кој беше член на Реал Мадрид од 2019 до 2022 година, по што замина во Фиорентина. А во Мадрид дојде како големо засилување од Ајнтрахт. Реал за него плати 60 милиони евра.

Перица Огњеновиќ беше член на Реал Мадрид од 1999 до 2001 година, токму во периодот кога во Мадрид беше и Елвир Баљиќ, поранешен репрезентативец на Босна и Херцеговина.

 

Scroll to Top