Top Sport

Дешам: Франција ќе ја „пробие“ тактиката на Мартинез и Белгијците

Францускиот селектор Дидие Дешам е сигурен дека неговиот тим е подготвен за било какви тактички изненадувања од белгискиот селектор Роберто Мартинез во полуфиналето на СП во Санкт Петербург во вторник.

Белгијците имаат постигнато најмногу голови на СП досега, а Мартинез направи вистински подвиг во четврт-финалето со Бразил, повлекувајќи го Ромелу Лукаку за Кевин де Бројне да игра како „лажна деветка“. Ова функционираше совршено – Белгијците го неутрализираа средниот ред на Бразил, а во исто време Лукаку и Еден Азар одеа далеку зад нивните бекови. Дешам е внимателен.

„Белгија не стигнаа тука со среќа. Тие одиграа одличен натпревар со Бразил со посебен тактички план. Дали ќе измислат нешто слично за нас? Најверојатно. Нивниот тим е загреан за напред. Но, против Бразил, Мартинез го засили средниот ред и тоа беше успешно. Тие напаѓаат бргу и јас се осигурав моите фудбалери да бидат подготвени за било какво сценарио од почетокот на мечот“, вели Дешам.

По ова следуваше мала „пецка“ кон Шпанецот Мартинез, бидејќи Дешам додаде дека тој ги искористил „темелите“ на тимот поставени од Марк Вилмотс, кој доби отказ откако Белгија загуби од Велс во четврт-финалето на Евро 2016.

„Не сакам да го навредам Мартинез, но секако, тој доби многу од работата на Вилмотс, и покрај што тогаш беа елиминирани. Тој ги смени малку работите, стави свој печат на тимот, но имаше голем потенцијал и со оваа група на фудбалери. Му честитам што е во полуфиналето“, изјави Дешам.

Фото: ЕПА

Scroll to Top