Top Sport

Дешам ги предупреди шампионите да не ги потценат Австралијците

Францускиот селектор, Дидие Дешам ги предупреди неговите фудбалери дека Австралија е „сериозен“ противник пред првиот меч на актуелните шампиони во вторник, откако подготовките на „триколорите“ беа во сенка на повредата на освојувачот на „Златната топка“, Карим Бензема и неговото повлекување во неделата. Дешам исто така не може да смета ниту на Пол Погба, Н’Голо Канте и на Кристофер Нкунку.

„Првиот меч на турнирите секогаш е најважен. Нема нервоза во тимот, сите сме смирени, сите ја знаеме нашата цел. Знаеме дека Австралија ќе биде опасен противник, кој нема да биде лесно да се победи“, вели Дешам.

Франција се обидува да стане првата репрезентација која ја одбранила светскат титула од Бразил во 1958 и 1962 година, а загрижува што дел од француските фудбалери прелесно ја сфаќаат задачата против Австралија и покрај тешката 2:1 победа над нив на СП во Русија. Оливие Жиру призна дека не ја „завршиле домашната“ за Австралијците, додека Едуардо Камавинга и Ибрахима Конате признаа дека не знаат ниту еден австралиски фудбалер.

Капитенот Иго Љорис ги предупреди дека мора да бидат внимателни.

„Мораме да бидеме претпазливи, посебно при прекинита на игра. Знаеме дека сме многу брзи и дека можат да играат на контри“, објаснува Љорис.

Scroll to Top