Top Sport

Дешам им забрани накит на Французите по случката со Кунде

Францускиот селектор Дидие Дешам вели дека на своите фудбалери им забрани носење накит откако на вчерашното осминафинале од Мундијалот против Полска, Жил Кунде имал среќа што не бил казнет откако носеше златно ланче, кој судијата му нареди да го отстрани.

Судијата Хезус Валенцуела го забележа ланчето кога тој изведувашe аут, по што еден од помошниците на Дешам мораше да реагира. Дешам вели дека нема да има реприза во четврт-финалето против Англија.

„Тој не требаше да го почне мечот така. Не знам што има на тоа ланче, но знам дека е малку суеверен и дека носи ланчиња на тренинзи. Му кажав дека имаше среќа што не го фатив пред мене во тој момент. Не можеш да играш фудбал со очила за сонце, часовник или прстен. Тоа не е дозволено. Секако, тоа е наша грешка и верувајте нема да се повтори“, вели Дешам.

Scroll to Top