Случајот со Метју Валбуена му ја затвори вратата на националниот тим на најдобриот шпански напаѓач Карин Бензема. За потсетување напаѓачот на Реал Мадрид во 2015 година заедно со пријател од детството го уценувале Валбуена со секс-снимки.
Откако аферата исплива во јавноста Дидие Дешам, селекторот на Француска, реши да не го повикува Бензема во репрезентацијата.
„Мојата одлука е од спортска и техничка природа. Едноставно сметам дека доколку го повикам тоа нема да му донесе ништо добро на тимот. Се држам до мите принципи во работата и се обидувам да работам најдобро што можам за интересите на Франција“., рекол Дешам.
„Мислам дека многумина ги минуваат границите со своите изјави. Во животот постои само една изјава, можеби има повеќе верзии, но само една е вистинита. Имам многу проблем со оние што продолжуваат да прашуваат дали е тоа вистина. Тоа ги минува сите граници“, рекол францускиот селектор.
Инаку пред две години Бензема јавно порача дека нема да игра за националниот тим додека селектор е Дешам.