Top Sport

Дешам побара ПСЖ да го „одморат“ Мбапе пред Мундијалот

Францускиот селектор, Дидие Дешам побара од тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие да го „одмори“ Килијан Мбапе, посебно пред Светското првенство, каде што „триколорите“ ја бранат титулата. Пред денешниот меч со Данска, Дешам побара ПСЖ да го ограничи времето на играње на Мбапе, кој има 10 меча досега во сите натпреварувања.

„Знам дека Галтие сака да го става во игра Килијан, но од време на време треба да му даде малку простор да дише, да има помалку минути, бидејќи тоа ќе влијае добро на неговата игра“, вели Дешам.

Мбапе, кој има 28 гола за француската репрезентација од неговото деби во март 2017 година, треба да настапи уште во 11 меча за ПСЖ пред стартот н Светското првенство во ноември.

Scroll to Top