Top Sport

Матиќ „удри“ по Рој Кин: 70 отсто од неговите стартови сега се казнуваат со црвен картон

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ му врати на поранешниот капитен на „ѓаволите“, Рој Кин, кој на крајот на минатата сезона се сомневаше во посветеноста на српскиот фудбалер.

Матиќ летото замина од Јунајтед во Рома, а Кин беше лут откако по мечот на Јунајтед со Челси изјави дека има љубов кон двата клубаа.

„Каде се стандардите на овој клуб? Каде е желбата да се оди напред до крај? Матиќ зборува, ќе си одам, си поминав убаво. Ман јунајтед ќе биде во моето срце, ох, и Челси исто така, а, да, да не ја заборавиме и Бенфика. Не можат сите да бидат во твоето срце“, изјави во април Ирецот.

Матиќ во интервју за „Тајмс“ директно му одговори на Кин, велејќи дека фудбалот е сменет и карактерот на Кин не би бил толериран во модерниот фудбал.

„Имам целосен респект кон тоа што го направи, но тој мора да сфати дека фудбалот е сменет. Ако играв за Челси, не можам да кажам дека ги мразам. Не можам да бидам лут кога зборувам со новинарите по мечот. Начинот на кој тој се однесуваше н теренот, 70 отсто од тоа е за црвен картон денеска. Не можеш да удираш со сите камери на светот вперени во тебе. Вистинскиот херој е тој што излегува на улица и кажува нешто, но тој секогаш бил добар кон мене, така што то што го кажува во јавноста не ме засега. Знам што направив во мојата кариера и јас сум среќен“, вели Матиќ, кој има играно во сите натпревари на Рома оваа сезона.

Scroll to Top