Top Sport

Дешам: Погба ќе биде „бескорисен“ во Катар ако не е во топ-форма

Францускиот селектор, Дидие Дешам го предупреди Пол Погба дека мора да биде целосно физички подготвен и во топ-форма за да биде сигурен дека ќе има место во репрезентацијата за Светското првенство во Катар.

Ѕвездата на Јувентус сега го очекува трка со времето да се врати во форма бидејќи се очекува дека ќе паузира од 40 до 60 дена по операцијата на менискусот и Дешам признава дека во неговиот тим ќе има само целосно подготвени фудбалери.

„Нема да дојде само бидејќи е во ‘рамката’. Ако не играл претходно и не е во топ-форма, тогаш ќе биде бескорисен во Катар. Мислам дека тоа не го сака ниту самиот тој“, вели 53-годишниот Дешам.

Ако Погба не успее да влезе во тимот, Дешам има доста опции во средината на теренот како двојката на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени и Едуардо Камавинга. Франција игра со Австрија (23 септември) и Данска (26 септември) во Лигата на нации на УЕФА.

Scroll to Top