Top Sport

Роналдо (од пенал) со прв гол оваа сезона и прв гол во Лига Европа

Кристијано Роналдо, конечно, по спориот старт на сезоната 2022/23, го постигна својот прв гол, откако од пенал го зголеми водството на Манчестер јунајтед на 2:0 на гостувањето кај Шериф Тираспол во Молдавија.

Тој беше прецизен од белата точка во финишот на второто полувреме, по фаулот над Диого Далот во шестнаесетникот, откако прво Џејдон Санчо ги донесе „ѓаволите“ во водство. Покрај тоа што ова е првиот гол во 2022/23, за Роналдо, навикнат на елитен европски фудбал, ова е прв постигнат гол во Лига Европа, второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Scroll to Top