Францускиот селектор Дидие Дешам тврди дека „секогаш сметал“ на Тео Ернандез, но дека конкурецијата во репрезентацијата е голема и фудбалерот на Милан мора да работи на своите дефанзиви квалитети.
Ернандез го одигра само вториот меч за Франција вчера, кога во Торино помогна Франција да стигне до драматична 3:2 победа над Белгија во полуфиналето на Лигата на нации, постигнувајќи гол во 91. минута од мечот. И покрај тоа што последните две сезони е еден од најдобрите играчи на Милан, Дешам првпат го повика Ернандез во септември.
„Секогаш го поставував во прелиминарниот тим, но има голема конкуренција. Мислам на него подолго време, во добра форма е и мора да продолжи така, иако мора да се подобри во одбраната“, вели Дешам.
Ернандез пристигна во Милан од Реал Мадрид за 20 милиони евра во 2019 година на инсистирање на Паоло Малдини. Тој има 16 гола и 17 асистенции во 90 меча за „росонерите“.