Top Sport

Дешам за Погба: Ментално не е добар!

Францускиот селектор, Дидие Дешам пред вечерашниот дуел против Кристијано Роналдо и Португалија рече дека Пол Погба не е ниту сенка од играчот од пред неколку месеци.

Дешам го стави Погба во стартниот состав на дуелот со Финска во четвртокот кога „галските петли“ неочекувано беа поразени на домашен терен со 2-0. Погба одигра слабо, како и комплетната селекција.

„Знаев и пред мечот дека не е во најдобра форма и баш затоа го ставив од првата минута. Таа средба требаше да послужи барем малку да се врати во ритам, но Погба не изгледаше позитивно и можам да кажам дека се наоѓа во многу лош период. Ментално не е добар, на него влијаат резултатите на Манчестер Јунајтед“ рече францускиот селектор.

Дешам рече дека ќе размисли како Погба ќе го користи вечерва против Португалците.

„Вакви периоди им се случуваат на сите играчи. Пол ги има сите квалитети и можности да им одговори на критичарите на теренот“ смета селекторот.

Scroll to Top