Дидие Дешам, селекторот на Франција, по пласманот на Фрација во финалето на Светското првенство, рекол дека е горд на своите фудбалери и најавил напад на светската круна. За разлика од Дешам, неговиот колега од клупата на Белгија, Роберто Мартинез е разочаран што победникот го решил еден гол.

„Момците беа сјајни, но мора да и честитаме на Белгија која одигра одличен турнир. Среќен сум поради моите играчи кои покажаа карактер и вистински победнички менталитет“, рекол Дешам, а потоа го коментирал и претстојното финале.
„Мораме да победиме во финалето бидејќи се уште не не боли оној пораз од 2016 година“, заклучил францускиот селектор.

Разбирливо, неговиот колега Мартинез не го криел разочарувањето по поразот.
„Не дојдовме тука за да одиграме добар турнир, дојдовме за да го освоиме Светското првенство и поради тоа сум разочаран. Горд сум на фудбалерите, го дадоа максимумот. На крајот реши еден прекин, една топка. Недостигаше смиреност во завршницата на нашите напади, а тоа е клучно против екипа каква што е Франција. Им честитам на Французите. Не смееме да тагуваме, не очекува мечот за третото место“, рекол Мартинез.
Белгија, в сабота, против поразениот од мечот Хрватска-Англија ќе се бори за бронзениот медал, додека ден подоцна Франција против победникот ќе се бори за светската титула.