Top Sport

Вардар без Јуфо против Пјуник

Вардар утре ќе му гостува на Пјуник во рамките од 1. квалификациско коло од Лигата на Европа, а за овој натпревар црвено-црните ќе бидат без Виктор Нилдо Јуфо.

Засилувањето во ово преоден рок Бразилецот Јуфо, воопшто не е во тимот поради повреда, иако е пријавен за настап во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

Според информациите од Врадар, Јуфо, на подготвките во Словенија заработи повреда на задната ложа, поточно има парцијална руптура. Бразилецот пропушти дел од тренинзите во финишот на подготовките за мечот со Пјуник, и поради тоа не во комбинација за првиот меч.

Експедицијата на Врадар се наоѓа во Ереван, а денес играчите го имаат официјалниот тренинг на стадионот „Вазген Саргсјан“. Тренерот Бобан Бабунски за натпреварот со Пјуник на располагање има 22 фудбалери.

фото: fkvardar.mk

Scroll to Top