Дидие Дешамп и Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), најдоа „заеднички јазик“. Дешан ќе ја предводи Франција до 2026 година, потврди ФФФ.
Како тренер, Дешан го освои Светското првенство 2018, Лигата на нации 2021 година и стигна до финалето на Европското првенство 2016 и Светското првенство 2022 година, каде беше поразен од Португалија и Аргентина.
Дешам, Франција ја предводел на 139 натпревари, има учинок од 89 победи, 28 нерешени и 22 порази, со гол разлика 279:119.
Она што е особено важно е што доби уште еден мандат до следното Светско првенство, а Зинедин Зидан сега сигурно ќе прифати понуда од некој клуб.
Зидан ја чекаше клупата на Франција повеќе од една година, во ФФФ имаше луѓе кои сака да го видат на функцијата веднаш по завршувањето на Мундијалот во Катар.
Зидан наводно има понуда да стане селектор на Бразил, но таа се уште е на ниво на гласини. Исто така, се споменува дека конечно би можел да ја прифати понудата на својот Јувентус, која ја одбил во два наврати.
Претходно беше поврзуван со Манчестер јунајтед.