Top Sport

Дешан: Не делува дека Погба е среќен во Манчестер јунајтед

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешан, смета дека Пол Погба заслужува подобар статус во Манчестер јунајтед.

Погба не е стандарден во првиот тим, има проблеми да ја „најде“ вистинската форма, сезонава само два пати одиграл по 90 минути.

„Не знам каков совет би можел да му дам. Во клубот се наоѓа во ситуација да не може да биде задоволен ниту со позицијата, ниту со минутите што ги добива. Минува низ тежок период. Една-две повреди, потоа вирусот, ќе му биде потребно да го најде ритамот“, рекол Дешан.

„Минатиот месец играше добро, беше константен. Сега игра, но не може да се каже дека е среќен. Ќе разговараме кога ќе се видиме“, заклучил францускиот селектор.

Пол Погба се врати во Манчестер јунајтед во 2016 година. Клубот за неговиот трансфер издвои 105.000.000 евра.

Scroll to Top