Top Sport

Десниот бек на Лацио, Јувентус и Арсенал заврши со фудбалот!

Швајцарскиот десен бек кој светска слава доживеа во дресовите на Лацио, Јувентус и Арсенал, Стефан Лихштајнер оди во фудбалска „пензија“. Тој неговата последна сезона во кариерата ја одигра за бундеслигашот Аугсбург.

Зад него е сјајна кариера.

Од Грасхоперс во Лил па во Лацио, а потоа и во Јувентус каде ги помина најдобрите фудбалски денови. Освои 7 титули во Серија А и тоа во низа.

По 10 години поминати на „Чизмата“ една сезона одигра и за „топчиите“, а копачките „ на клин“ ги закачи со 37 години.

Играше во 5 различни лиги, а за Швајцарија настапи на 108 меча и притоа постигна 8 гола.

Scroll to Top