Top Sport

Не помогна ниту одложувањето, коронавирусот го откажа маратонот во Париз

Организаторите на маратонот во Париз сепак се решија да не го одржат натпреварувањето годинава. Причината е пандемијата на коронавирусот.

Маратонот беше планиран да се одржи на 5. април, а потоа беше одложен за 18. октомври. Потоа следуваше нов термин, 15 ноември, но денеска и тој е поништен и годинешното издание е откажано.

„Се обидовме со сè да го одржиме настанот, но бевме принудени да го откажеме маратон во 2020. година, во договор со властите во Париз. Соочени со невозможноста, многу од учесниците, особено од странските држави, да пристигнат на 14-15 ноември, решивме да го одложиме маратонот за 2021. година во порелаксирана атмосфера“ пишува на официјалната веб-страницата на маратонот.

Маратонците регистрирани за оваа година автоматски ќе имаат регистрација и за следната. Во спротивно, секој пријавен, ќе може да си ги врати средствата во текот на 18 месеци, велат организаторите.

Scroll to Top