Фудбалскиот клуб Милан во финишот на преодниот рок се засили на позицијата десен бек. Милан со Барселона ја договори позајмицата на Сержињо Дест. Трансферот е вистинско изненадување бидејќи Американецот во ниту еден момент не се поврзуваше со италијанскиот шампион.
Милан и Барселона договориле Дест оваа сезона да игра како позајмен играч, а по завршувањето на сезоната Милан ќе може да го откупи неговиот договор за 20.000.000 евра.
Дест во Барселона пристигна во ерата на Роналд Куман, во летниот преоден рок во 2020 година, кога потпиша петгодишен договор. Со заминувањето на Куман тој остана без место во стартниот состав, а на почетокот на оваа сезона Чави му порача дека не му се потребни неговите услуги.
Милан целосно ќе ја преземе платата на Дест, која на годишно ниво изнесува 3.800.000 евра.