Top Sport

Дест си оди од Барселона – Следна дестинација Минхен

Барселона во зимскиот преоден рок ќе се обиде да се ослободи од петмина фудбалери. На списокот што го составил спортскиот директор, Матеу Алемени заедно со тренерот Чави, се Филипе Кутињо, Лук де Јонг, Самјел Умтити, Сержињо Дест и Јусуф Демир.

Де Јонг, донесен по сугестија на Роналд Куман, како замена за Антоан Гризман, ќе биде вратен во Севилја. Демир, одигра неколку солидни натпревари, но Барселона нема намера да плати 10.000.000 евра, според договорот што го има со Рапид Виена, доколку напаѓачот одигра најмалку десет натпревари за првиот тим.

Тешко ќе оди продажбата на Кутињо и Умтити. Барса не одредила цена за Кутињо, но за секој клуб проблем претставува неговата плата. Умтити би го пуштиле бесплатно, но тој не сака да си оди. Реално, за фудбалер кој одиграл десет натпревари во последните две години, никој не покажува сериозен интерес.

Сигурно е само дека Дест ќе го напушти „Ноу Камп“. Чави порача дека за Американецот нема место во неговиот тим.

Медиумите пишуваат дека Дест ќе се пресели во Баерн Минехн.

Во летото 2020 година токму Баерн со Барселона се бореше за потписот на Дест. Американецот одбра кариерата да ја продолжи во Каталонија и очигледно погреши.

Јулијан Нагелсман сака да го види десниот бек во Баерн. Наводно клубовите се согласиле околу трансферот, останало само да ја договорат цената. Медиумите пишуваат дека Барселона ќе бара 25.000.000 евра.

Scroll to Top